Непознати крадци украле неколку лап-топ компјутери од седиштето на компанијaта во Атланта во сојузната американска дражва Џорџија. Според потпаролката на Кока Кола, Ен Мур во украдените компјутери, биле чувани личните податоци за најмалку 74 илјади лица, главно поранешни и сегани вработени во компанијата. Полицијата успејала да стигне до украдените лап – топ комјутери, а според нив никој не ги користел податоците содржани во компјутерите за лични цели. Сепак, како мерка на претпазливост, компанијата „Coca Cola” им испратила на предупредување на лицата чиишто лични податоци можеле да идат украдени.
Сѐ уште е нејасно како крадците успеале да ги украдат лаптопите. Мур одбила да даде какви и да се поединости за инцидентот, наведувајќи дека истрагата сѐ уште не е завршена. Се работи за добро обезбедувана зграда. Во Атланта инаку се наоѓа и музејот посветен на најпознатиот безалкохолен пијалак во светот, во кој се чува таинствениот рецепт за приготвување на газираниот пијалак. Полуметарскиот сеф, во кој се наоѓа формулата, никогаш не се отвора, а посетителите на музејот можат да му се доближат само до неколку метри растојание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)