| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Вучиќ најави предвремени избори во Србија

Српскиот вицепремиер и претседател на Српската напредна партија Александар Вучиќ денеска најави предвремени избори, објави „Телма“. На Извршното собрание на СНП Вучиќ рече дека е време да се провери волјата на граѓаните и порача дека Србија годинава ќе оди на парламентарни избори, освен доколку утре Претседателството на таа партија не донесе поинаква одлука.

Вучиќ нагласи дека неговата партија владее одговорно и чесно со земјата. Рече дека криминално заработените пари политичките противници ќе ги употребат за да ја поразат неговата партија, но и нагласи дека е убеден дека народот знае кој како работел и колку се залагал за напредок на земјата.

Според потпретседателот на СПН Небојша Стефановиќ, во Претседателството на партијата постои расположение за предвремени избори. Тој очекува одлука на 16 март изборите да бидат распишани, заедно со изборите за Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top