Руски член на државната Дума кажа дека по истекот на привремениот азил протекувачот на чувствителни безбедносни информација нема да биде протеран. Руски законодавец вели дека владата во Москва нема намера да го протера Едвард Сноуден кој протече информации од значење за националната безбедност кога неговиот едногодишен привремен азил ќе заврши во август.
Алексеј Рушков, претседател на комисијата за надворешни работи во државната Дума, долниот дом на парламентот, во петок кажа дека Сноуден „нема да биде протеран од Русија.“ Тој зборуваше за Сноуден на панел-дискусија за „иднината на американската моќ“ во скијачкиот центар Давос, во Швајцарија каде се одржува Светскиот економски форум.“
Триесетгодишниот Сноуден се соочува со обвиненија за шпионажа во САД, но Русија ги отфрли американските барања за негова екстрадиција. Главниот претставник на САД за правосудство Ерик Холдер, во четвртокот кажа дека доколку Сноуден сака да се врати во САД и да се произнесе виновен, владата ќе зборува со неговите адвокати. Но Холдер кажа дека владата нема да земе предвид негово помилување.
Во комуникација на Интернет, Сноуден кажа дека неговото враќање во САД „е најдоброто решение за сите страни.“ Но тој рече, за жал тоа не е можно заради американските закони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.