Вообичаено големиот интерес за „Златна бубамара“ на популарноста, една од најпопуларните манифестација во нашата држава, ги надминува сите очекувања, велат организаторите. Во изминатите 10 дена во „Радио бубамара“ и МК тикетс , пристигнале преку 5.000 резервации за купување билети, а за цената не се ни прашува. Поради преголемиот интерес, организатор размислува шоуто да го префрли во поголема сала за да можат што повеќе луѓе заеднички да разменат позитивна енергија . За тоа прашање ќе одлучи во наредните денови, кога билетите би биле пуштени во продажба. Големото шоу веќе еден месец се подготвува во штабот на бубамара , а сценариото и наградените како и секоја година се чуваат во најголема тајност. Организаторот вели дека скромно го најавил настанот, но очигледно дека и без реклама , обожавателите на добриот хумор, сатира и музика, сакаат да бидат дел од големата забава со најпопуларните личности од Македонија и Балканот.
Манифестацијата Златна бубамара на популарноста во изминатите години традиционално се одржуваше во Универзалната сала во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


