Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска на раскрсницата на булеварот Илинденска и улицата Љубљанска во скопската населба Карпош 4. Од за сега непознати причини, возачот на автомобилот се забил во семафор, а потоа и во бетонската ограда.
Според првичните информации, во сообраќајката не учествувало друго возило, а возачот бил сам во автомобилот. Тој бил пренесен во болница со возило на Брза помош, каде што бил задржан на лекување. Со какви повреди е пренесен не е познато.
Очевидците тврдат дека ударот бил многу силен, поради што и возилото е многу оштетено и вистинско чудо е како возачот успеал да преживее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.