| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно на патиштата, можни се одрони

sneg i patСообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, претежно по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Снежни врнежи со слаб интензитет има на Попова Шапка и Стража, но не претставуваат никаков проблем за одвивање на сообраќајот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“  се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top