| четврток, 6 декември 2018 |

Партизаните, всушност, се потомци на комитите

Твр­де­ње­то де­ка пар­ти­за­ни­те се ко­му­ни­сти и де­ка во­де­ње­то по таа иде­о­ло­ги­ја е си­ла­та што на Ма­ке­дон­ци­те од вар­дар­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја им ја до­не­се тол­ку че­ка­на­та сло­бо­да е уште ед­на исто­ри­ска из­ма­ма. Нив­но­то уни­шту­ва­ње и за­мол­чу­ва­ње по вој­на­та, пак, е не­со­бор­лив факт, без раз­ли­ка да­ли би­ле ко­му­ни­сти по убе­ду­ва­ње

Кој има пра­во на нас­ледс­тво­то на по­бед­ни­ци­те од Вто­ра­та свет­ска вој­на, по ко­ја дел од Ма­ке­дон­ци­те, ко­неч­но, до­би­ја сво­ја на­ци­о­нал­на др­жа­ва?

Нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја во зем­ја­ва де­нес, Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз, про­из­ле­зе­на од не­ко­гаш­ни­от Со­јуз на ко­му­ни­сти на Ма­ке­до­ни­ја (а еден пер­и­од во 90-ти­те го­ди­ни функ­ци­о­ни­раа со до­да­вка ПДП – Пар­ти­ја за де­мо­крат­ска пре­о­браз­ба), твр­ди де­ка го има екск­лу­зив­но­то пра­во на нас­ледс­тво­то на слав­ни­те пар­ти­за­ни.

Од дру­га стра­на, оваа пар­ти­ја твр­ди де­ка се­гаш­но­то ВМРО-ДПМНЕ не­ма ни­ка­ква вр­ска со исто­ри­ско­то ВМРО, но тоа е дру­га те­ма.

Но, да­ли мо­же­ме да го при­фа­ти­ме тоа тол­ку ед­но­став­но? И ка­ко што ре­чи­си се­ко­гаш би­ду­ва, ви­сти­на­та се крие во де­та­ли­те. Вни­ма­тел­но­то разг­ле­ду­ва­ње на тоа од ка­де до­а­ѓа­ат и за што, всуш­ност, се бо­ре­ле ле­ген­дар­ни­те Ди­ми­тар Вла­хов, Мир­че Ацев, Стра­шо Пин­џур и оста­на­ти­те откри­ва де­ка зад иде­о­ло­шка­та приз­ма се крие не­што дру­го во ли­кот и де­ло­то на го­лем дел од пар­ти­зан­ски­те бор­ци. Крај­ни­от зак­лу­чок од оваа ана­ли­за, мо­же­ме уште се­га да ка­же­ме, мо­же да се спо­ре­ди со нај­го­ле­ми­те из­ма­ми кои сво­е­вре­ме­но ги пра­веа ко­му­ни­сти­те ко­га го ци­ти­раа Карл Маркс:
„Ве­ра­та е опи­ум за ма­си­те“.

Всуш­ност, та­ква из­ја­ва Маркс ни­ко­гаш не дал, а та­ков ци­тат е пре­зе­мен од ед­на кни­га на злог­лас­ни­от Мар­киз де Сад (не­го­во­то име е ко­рен за збо­рот „са­ди­зам“), кој та­ка пи­шу­ва во ед­на кни­га, но тоа се од­не­су­ва на со­се­ма дру­га те­ма.

Ви­стин­ска­та из­ја­ва на Маркс за ве­ра­та гла­си:
„Ве­ра­та е знак на ди­скри­ми­ни­ра­но су­штес­тво, ср­це во све­тот без ср­це и ду­ша во без­душ­ни ус­ло­ви“.

Partizani-komiti-2

Битолски партизани во поход

Бор­ба за сло­бод­на Ма­ке­до­ни­ја, пред сѐ

Ка­ко што мно­гу­ми­на хро­ни­ча­ри од тоа вре­ме пи­шу­ва­ат, нај­го­ле­ми­от број бор­ци од Вто­ра­та свет­ска вој­на, всуш­ност, и не зна­е­ле што е тоа ко­му­ни­зам. Ова ин­ди­рект­но го ка­жу­ва и по­кој­ни­от пре­тсе­да­тел Ки­ро Гли­го­ров (мал­ку­ми­на зна­ат де­ка и тој бил член на ВМРО) во не­го­ва­та кни­га ко­га рас­ка­жу­ва ка­ко со со­бор­ци­те се­де­ле под еден даб пред ма­на­сти­рот „Про­хор Пчин­ски“ и не зна­е­ле ка­ко да на­пи­шат де­мо­крат­ски устав по уг­ле­дот на ста­ри­те де­мо­кра­тии.

Под па­ро­ла­та на оваа иде­о­ло­ги­ја, за ре­чи­си си­те на­ро­ди што не­ма­ле сво­ја др­жа­ва, па та­ка и за ма­ке­дон­ски­от на­род, ко­му­ни­зам зна­че­ло соз­да­ва­ње на­ци­о­нал­на др­жа­ва, бор­ба за со­ци­јал­ни пра­ва, де­мо­кра­ти­ја, по­ве­ќе­пар­ти­ски си­стем, сло­бо­да на јав­ни­от го­вор. И во­оп­што автен­тич­на­та ко­му­ни­стич­ка иде­о­ло­ги­ја не е про­тив де­мо­кра­ти­ја­та ка­ква што ние де­нес ја поз­на­ва­ме. Но, ка­ко што е поз­на­то, освен ос­тва­ру­ва­ње­то на пр­ва­та цел и де­лум­но на вто­ра­та, ко­му­ни­сти­те уки­наа сѐ дру­го.

Да­ли е тоа та­ка? Нај­го­лем до­каз за тоа е ко­га вни­ма­тел­но ќе се про­у­чат би­о­гра­фи­и­те на пар­ти­зан­ски­те во­да­чи. Да пог­лед­не­ме во исто­ри­ја­та на не­кол­ку поз­на­чај­ни лич­но­сти.

Ди­ми­тар Вла­хов – ку­ку­шки­от хе­ми­чар и пр­ви­от пре­тсе­да­тел на пре­зи­ди­у­мот на АСНОМ – е брат на вој­во­да­та Хри­сто Вла­хов, еден од пле­ја­да­та вмров­ци што се ос­но­ва­чи на ВМРО. Хри­сто го ос­но­вал ВМРО за­ед­но со Го­це Дел­чев, ко­му му бил те­сен со­ра­бот­ник. Са­ми­от Ди­ми­тар бил член на ВМРО уште од 1903 го­ди­на. Се прик­лу­чил на ВМРО Обе­ди­не­та (под­др­жа­на од Ко­мин­тер­на­та) за­тоа што сме­тал де­ка та­ка ќе се дој­де до сло­бо­да за Ма­ке­до­ни­ја.

На­род­ни­те хе­рои Мир­че Ацев и се­стра му Ве­ра Аце­ва се ди­рект­ни по­том­ци на илин­ден­ски­те вмров­ци. Мир­че Ацев сво­е­то име го до­бил по стри­ко му, вој­во­да кој учес­тву­вал во илин­ден­ска­та епо­пе­ја.

Трај­ко Бо­шков­ски–Тар­цан, уште еден при­леп­ча­нец, пр­во­бо­рец и на­ро­ден хе­рој, за сво­е­то де­ло бил ди­рект­но инс­пи­ри­ран од исто­ри­ски­те вмров­ци. Тар­цан е поз­нат ка­ко ко­ман­дант на на­па­дот на бу­гар­ска­та по­ли­ци­ска ста­ни­ца во При­леп на 11 октом­ври 1941 го­ди­на, на­стан кој се сме­та за офи­ци­ја­лен по­че­ток на На­род­но­ос­ло­бо­ди­тел­на­та бор­ба и де­нес е на­ци­о­на­лен праз­ник. Но, мал­ку е поз­на­то де­ка Тар­цан ед­на го­ди­на пред слав­ни­от на­пад бил уап­сен од срп­ска­та жан­дар­ме­ри­ја би­деј­ќи за вре­ме на илин­ден­ски­те про­те­сти др­жел го­во­ри во кои го по­ви­ку­вал на­ро­дот на бор­ба за сло­бо­да на Ма­ке­до­ни­ја од ју­гос­ло­вен­ски­те вла­сти. Тој во­оп­што не бил поз­нат ка­ко ко­му­нист пред вој­на­та иа­ко ка­ко та­ков е за­ве­ду­ван во исто­ри­ски­те кни­ги на ко­му­ни­стич­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Ме­то­ди­ја Ша­то­ров–Шар­ло е уште еден истак­нат ко­му­нист за кој де­неш­на­та ма­ке­дон­ска јав­ност, пред сѐ, знае де­ка бил прог­ла­сен за пре­дав­ник би­деј­ќи, на­вод­но, им слу­жел на бу­гар­ски­те ин­те­ре­си. Мал­ку се знае де­ка Ша­то­ров се­ка­де се из­јас­ну­вал ка­ко Ма­ке­до­нец и де­ка бил су­ден во Бу­га­ри­ја ка­ко член на ВМРО Обе­ди­не­та. Шар­ло бил пр­ви­от член на Во­е­на­та ко­ми­си­ја ко­ја ја во­де­ла бор­ба­та со оку­па­то­рот, пред и во­оп­што да се фор­ми­ра Ге­не­рал­шта­бот на НОВ и на ПОМ (На­род­но­ос­ло­бо­ди­тел­на­та вој­на и Пар­ти­зан­ски одре­ди на Ма­ке­до­ни­ја). И тој по­тек­ну­ва од се­мејс­тво на вој­во­ди.

Вмро­вец е и еден од нај­твр­до­кор­ни­те ма­ке­дон­ски ко­му­ни­сти, ве­ле­ша­не­цот Пан­ко Браш­на­ров. Ка­ко што е поз­на­то, тој без ка­кво би­ло су­де­ње е уап­сен по Вто­ра­та свет­ска вој­на и од­не­сен во ју­гос­ло­вен­ски­от кон­цен­тра­ци­о­нен ло­гор Го­ли Оток, ка­де што и уми­ра. Ду­ри по­доц­на се доз­на­ва де­ка бил при­пад­ник на РИБ (Ре­зо­лу­ци­ја на Ин­форм­би­ро – до­ку­мент со кој се исфр­лаа Ти­то и КПЈ од друш­тво­то на ко­му­ни­стич­ки­те пар­тии, на­пи­шан по на­ред­ба на Ста­лин). А, ток­му Браш­на­ров е ини­ци­ја­тор и еден од пр­ви­те чле­но­ви на Цен­трал­ни­от ко­ми­тет на ВМРО Обе­ди­не­та. Тој и прет­ход­но бил член на ВМРО, а, исто та­ка, по­тек­ну­ва од ре­во­лу­ци­о­нер­но се­мејс­тво.

Но, мо­же­би, нај­ек­ла­тант­ни­от при­мер за по­ен­та­ва на на­ша­ва ана­ли­за е ли­кот и де­ло­то на „вто­ри­от Го­це Дел­чев“, ка­ко што мно­гу­ми­на го на­ре­ку­ва­ат слав­ни­от при­леп­ча­нец Куз­ман Јо­си­фов­ски–Пи­ту. Сла­вен ка­ко го­лем ко­му­нист, се­пак Пи­ту, ка­ко што откри­ва­ат до­ку­мен­ти­те, бил мно­гу по­ве­ќе ко­ми­та. Пи­ту бил тол­ку мно­гу акти­вен во бор­ба­та за Ма­ке­до­ни­ја што им ста­нал трн во око­то на ју­гос­ло­вен­ски­те ко­му­ни­сти. Не­о­дам­на бе­ше откри­е­но пис­мо на­пи­ша­но од Све­то­зар Вук­ма­но­виќ–Тем­по, еден од нај­твр­до­кор­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ко­му­ни­сти, во кое тој ба­ра сме­на на Пи­ту од КПЈ за тоа што бил „на­ци­о­на­лист“. Име­но, Пи­ту ба­рал здр­жу­ва­ње на си­те ма­ке­дон­ски бри­га­ди од си­те де­ло­ви на ет­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја и за­ед­нич­ка бор­ба до ос­ло­бо­ду­ва­ње на се­ко­ја пе­да ма­ке­дон­ска зем­ја. Да не бил уби­ен од бу­гар­ски вој­ник, бли­зу не­ко­гаш­на­та фа­бри­ка „Алу­ми­на“ во Скоп­је во фе­вру­а­ри 1944 го­ди­на, Пи­ту, нај­ве­ро­јат­но, по вој­на­та ќе за­вр­шел ка­ко Ме­то­ди­ја Ан­до­нов–Чен­то, кој бил уап­сен, су­ден и прог­ла­сен за пре­дав­ник са­мо за­тоа што са­кал де­мо­кра­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Пи­ту не бил член на ВМРО, но за­тоа е еден од ос­но­ва­чи­те на МАНАПО (Ма­ке­дон­ско на­род­но дви­же­ње) во Бел­град, ор­га­ни­за­ци­ја чии це­ли би­ле ле­ви­чар­ски, но, пред сѐ, на­ци­о­нал­ни.

Partizani-komiti-3

Споменикот на Кузман Јосифовски – Питу во Скопје

Ни­е­ден вмров­ски пар­ти­зан не оста­на

Те­о­ри­ја на ко­му­ни­стич­ки за­го­вор или не? Ни­ту еден од деј­ци­те, со ко­ре­ни и идеи во исто­ри­ско­то ВМРО, не оста­на во по­во­е­на Ма­ке­до­ни­ја. Нај­хра­бри­те и нај­а­гил­ни за­ги­наа или беа су­де­ни ка­ко пре­дав­ни­ци по Вто­ра­та свет­ска вој­на. Ка­ко што е поз­на­то, од тоа пра­ви­ло е иск­лу­чок Ки­ро Гли­го­ров, кој ре­чи­си по­ло­ви­на век ра­бо­те­ше во Бел­град. Но, и пр­ви­от пре­тсе­да­тел на Ма­ке­до­ни­ја бе­ше за­го­во­ру­вач на де­мо­кра­ти­ја­та во би­вша Ју­гос­ла­ви­ја, пред сѐ пре­ку еко­ном­ски­те ре­фор­ми.

От­ту­ка зак­лу­чо­кот што го нај­а­вив­ме во по­че­то­кот на ова до­сие. Твр­де­ње­то де­ка пар­ти­за­ни­те се ко­му­ни­сти и де­ка во­де­ње­то по таа иде­о­ло­ги­ја е си­ла­та што на Ма­ке­дон­ци­те од вар­дар­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја им ја до­не­се тол­ку че­ка­на­та сло­бо­да е уште ед­на исто­ри­ска из­ма­ма. Нив­но­то уни­шту­ва­ње и за­мол­чу­ва­ње по вој­на­та, пак, е не­со­бор­лив факт, без раз­ли­ка да­ли би­ле ко­му­ни­сти по убе­ду­ва­ње или не.

Всуш­ност, овие бор­ци се бо­ре­ле за си­стем сли­чен на за­пад­но­е­вроп­ска­та де­мо­кра­ти­ја. Би­ле ко­му­ни­сти или ба­рем та­ка мис­ле­ле де­ка се, но по тоа не по­драз­би­ра­ле ед­но­у­мие, ко­ле­кти­ви­за­ци­ја и бру­тал­на по­ли­ци­ска др­жа­ва.

На кра­јот на кра­и­шта­та, ко­му­ни­сти, со­ци­ја­ли­сти или со­ци­јал­де­мо­кра­ти има­ло и ќе има во за­пад­ни­те де­мо­кра­тии, но та­мош­ни­те пар­тии ни­ко­гаш не сме­та­ле де­ка тре­ба да се уки­нат оста­на­ти­те пар­тии, ка­ко и пра­во­то на сло­бо­ден го­вор.

(Пишува: Александар Божиновски
Текст објавен во 72. број на неделникот „Република“, 17.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top