Студентите од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ изработија мултифункционална апликација за паметни телефони и таблети „Андроид“, наменета за потребите на „Техномаркет“. Оваа апликација ќе им овозможи на потрошувачите лесен и едноставен пристап до сите услуги на најголемиот синџир продавници за бела техника и апарати за домаќинство. Креаторите на победничката апликација беа наградени со таблети „самсунг галакси“ од „Техномаркет“.
– Успех за сите студенти е кога своето теоретско знаење ќе го пренесат во изработка на практични проекти наменети за компании од различни индустрии. Изработката на апликација за „Андроид“ претставуваше вистински предизвик за студентите да ги покажат своите способности за креирање единствен проект со кој ќе се олесни достапноста до производите. Овој тип соработка и можност што им се нуди на студентите е од големо значење и пред сѐ искуство кое ќе има голем позитивен ефект во нивната понатамошна професија – изјави Наум Тунтев, координатор на овој проект.

Мултифункционалната апликација предничи во својата категорија со перформансите, не е фиксна, туку динамична и работи со веб-сервери, содржи пребарување на повеќе од 5 000 производи, селектирање продукти по различни категории, селектирање на посакуваните производи, скенер за баркодот на продуктите, геолокација на маркети и други перформанси што го олеснуваат пристапот на купувачите до „Техномаркет“. Ќе биде бесплатна, односно поставена на„Гугл плеј“ и достапна за симнување за сите корисници на паметни телефони и таблети.
– Модерниот потрошувач е едуциран, постојано истражува и ги следи светските трендови во потрага по нови производи и услуги. Се трудиме секогаш да бидеме чекор пред останатите и на нашите потрошувачи да им понудиме нешто креативно, иновативно, модерно. Ни претставуваше задоволство што оваа апликација ја изработија студентите од „Свети Апостол Павле” кои имаа можност своето знаење и искуство да го пренесат и на реален практичен проект. Со оваа апликација се отвора полесен и современ пристап на потрошувачите до нашите производи и услуги – изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во „Техномаркет“.
Проектот како дел од низата на општествено одговорни активности што ги спроведува „Техномаркет“, траеше три месеци. Апликацијата што ги исполни критериумите на комисијата составена од претставници на „Техномаркет“ и Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе биде достапна за симнување наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Ако ја избришете оваа апликација батеријата на телефонoт ќе ви трае подолго


