Овие три девојки се дел од тоа на што кумановци се најгорди.
Евгенија Чанчалова

Самоуверена и убедена во својот талент, оваа млада кумановка пред само неколку дена победи во втората сезона на музичкото шоу „Сите наши ѕвезди“. Претходно, пак, успешно се претстави и во потрагата по ѕвезди на „М2“.

Евгенија за „Република“ вели дека секогаш се стремела кон највисоките цели во животот и дека најголема мотивација ѝ се моќните жени и вокали, од македонската и од светската сцена.

За неа, ветува, допрва ќе се слуша.
Маријана Димовска

Водителката и презентер на вестите на Македонската радио-телевизија поголемиот дел ја запозна како една од учесничките во „Танц со ѕвездите 2“.

Од строга жена која ги чита дневните настани, Маријана во шоуто се покажа и како девојка чиј сексапил ги разбуди машките фантазии.

Ова не е првпат убавата кумановка да покаже повеќе кожа. 24-годишната Марјана има работено и како модел, учествувала во неколку реклами и видеоспотови, а беше водителка на емисија и телевизиски квиз.
Катерина Чедомирски

Кате ја запознавме под презимето Симоновска, на првиот и единствен „Македонски идол“. Младата кумановка после учеството на шоуто стана скопска снаа, па сега ужива подеднакво и во бракот и во мајчинството.

Тоа што е мајка на едногодишно синче, не ја спречува Катерина да продолжи со својата друга љубов – музиката, туку само ја разубави.

Покрај тоа што настапи на „Макфест“, Катерина продолжува да настапува заедно со нејзиниот сопруг, кој е саксафонист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


