Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб во четвртото коло од новоформираните групи од фазата Топ 16 од Евролигата, конечно, успеа да дојде до успех со својот тим Фенербахче. Тие на домашен терен го победија Панатинаикос со 77-72. Натпреварот беше решен уште во првата четвртина кога Фенребахче успеа да дојде од предност од 12 поени (23-11). Ова беше прв пораз за тимот од Атина. Бо го заврши натпреварот со 10 поени, седум скока и две асистенции за 31 минута поминати на теренот. Најефикасен беше Бојан Богдановиќ со 15 коша. Одлична партија одиграа и Бјелица и Клеиза, кои дадоа по 13 поени.
„Кралскиот клуб“ од Мадрид го доживеа првиот пораз сезонава. Тие потклекнаа на гостувањето во Москва кај ЦСКА. Ненад Крстиќ имаше одлична вечер постигнувајќи 18 поени. Кај Реал Мадрид се истакна Серхио Родригес со 19 поени.
Барселона продолжува со одличните игри во фазата Топ 16. Тие потешко од очекувањата во шпанското дерби го победија тимот на Уникаха Куча со 83-71. Барселона и Макаби останаа едниствените два тима без пораз.
Резултати:
ЦСКА – Реал Мадрид 85-71, Фенербахче – Панатинаикос 77-72, Макаби – Партизан 88-67, Баерн – Галатасарај 66-72, Барселона – Уникаха 83-79.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)



