Американката Едит Кирчмајер официјално е најстарата корисничка на социјалната мрежа „Фејсбук“. Таа вчера го прослави 106. роденден. Профилот го направила минатата година благодарение на помошта на своите пријатели од медицинската установа „Дајрект рилиф“. Освен тоа, оваа 106-годишна старица е највозрасниот возач во Калифорнија и најстара жива дипломка на Универзитетот во Чикаго.
На почетокот воошто не можела да се пријави на „Фејсбук“ поради ограничувањата кога станува збор за годините. Кога требало да се регистрира, немало можност да објави дека е родена 1908 година. За инжинерите на „Фејсбук“ ова претставувало голем проблем, кој го решавале еден месец, за да може Едит да се пријави. Досега никој со таа година на раѓање на успеал да направи профил на „Фејсбук“.
Како што вели таа, откако се регистрала, сега многу често е на „Фејсбук“ и комуницира со своите пријатели и со семејството.
На фејсбук има преку 45.000 пријатели, а страницата што ја направила, „Дајрект релиф“, која ја основала минатата година, има преку 105 лајкови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.