Поранешниот претседател на Барселона Сандро Лопез потврди дека ја напушта функицјата за да го заштити угледот на клубот.
Росел е обвинет за измама во трансферот на Нејмар, а поради тоа беше постојано напаѓан од медиумите. Функцијата претседател ја презема Жозеп Марија Бартомеу, кој ќе остане на чело на клубот до 2016 година.
– Јас не сакам никакви неправедни напади негативно да влијаат на имиџот на клубот, а тоа е причината што го направив ова. Во согласност со статутот на клубот, мојата оставка од одборот на директори е неотповиклива – изјави Росел.
Росел рече дека целиот трансфер на Нејмар изнесувал 57 милиони евра, а на него му заканува тужба за измама и злоупотреба на јавна сопственост.
– Некое време моето семејство и јас страдавме поради закани и напади врз мене. Поради тоа се прашав дали да се биде претседател значи загрозување на моето семејство. Сепак, јас сè уште тврдам дека трансферот на Нејмар беше регуларен, а тоа ќе го докажам на суд – додаде Росел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.