42-годишен Американец од Калифорнија преживеал струен удар со интензитет од 14.000 волти, а потоа се случила необична промена во неговите очи.
Поради тоа што струјата минала низ целото негово тело, вклучувајќи го и очниот нерв, добил катаракта на очите во облик на ѕвезда.
– Оптичкиот нерв, всушност, е сличен како и секоја друга жица што спроведува струја – вели д-р Боби Корн од Универзитетот во Калифорнија. Тој го лекувал овој човек.
– Во овој случај силниот напон минал низ многу важна „жица“ во човековото тело и предизвикал штета – навел Корн.
Четири недели по незгодата, Корн го прегледал пациентот, кој имал проблеми со видот. По прегледот утврдил дека развил катаракта во облик на ѕвезда. Катарактата ги замаглува зениците и така го намалува видот кај луѓето. Сè уште не е познато зошто катарактата добила звездаст облик. Кај животните ударот од струја предизвикува појава на „балончиња„ во окото, кои подоцна формираат ѕвездаст облик.
Четири месеци по несреќата, пациентот се оперирал за отстранување на катарактата, но видот само делумно му се подобрил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.