| четврток, 6 декември 2018 |

Свечен пречек на контингентот на АРМ од мисијата во Авганистан

vojska arm

Во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево денеска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингент на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, која изминатите шест месеци учествуваше во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На свеченоста најавено е присуство на министерот за одбрана Талат Џафери, заменик началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал мајор Методија Величковски.

Во 15-та ротација на мировната мисија, учествуваа 148 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада кои беа распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул. Припадниците на АРМ во изминатите шест месеци ги извршуваа своите задачи во рамки на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top