Посредникот Метју Нимиц, по средбите со претседателот Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски и премиерот Никола Груевски, изјави дека е можно решение на името на 20-годишнината, откако станал дел од процесот.
Нимиц по посетата на Атина и на Скопје е охрабрен од реакциите што ги добил во овие два града. Според него, двете страни покажале зголемен интерес и сериозен пристап за решавање на ова тешко прашање, каде што е потребна голема мудрост. Нимиц е охрабрен и најавува анализа на сугестиите добиени од регионот и најавува забрзани разговори во Њујорк. Во својата изјава Нимиц ја користеше синтагмата „отворен напредок“, која ја формулираше како ситуација прифатлива за Владата и за граѓаните на двете земји. Тој не може да ги каже идеите за кои се разговарало затоа што се зборувало за формална и за неформална употреба на името, каде и како ќе се употребува, како и за употреба на придавката „македонски“. Посредникот потврди дека во моментов на маса се стари идеи и решенија, кои се разгледуваат во различен контекст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Нимиц: Фокусот ставете го на оние кои гласаа „за“
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ


