Сандро Росел, досегашниот претседател на Барселона, поднесе оставка. Причината за неговата оставка е прифаќањето на тужбата од судот во случајот со Нејмар, која ја поднесе еден од членовите на клубот.
Од моментот кога е поднесена оставката, неговите овластувања ги презема потпретседателот Жозеп Марија Бартомеу.
Бартомеу ќе ја врши должноста на претседател до завршувањето на мандатот, односно до 2016 година.
Росел се обвинува за криење точки од договорот во врска со Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.