Српскиот пејач Џоле Џогани, татко на Маринела од дуото „H2O“, верува дека неговата ќерка е исфрлена од „Икс-фактор“ поради нетрпеливоста на Жељко Јоксимовиќ кон Фифи, пишуваат српски „Мондо“.
– Ова што тие го прават е катастрофа! Наместо да им помогнат на овие деца, тие им одмагаат. Жирито не треба да го избере најдобриот пејач , туку оној кој го има „она нешто“. Некои членови на жирито не успаја ни сами да си направат кариери – вели Џогани.
Таткото на музичката партнерка на Фифи вели дека не му е јасно како жирито може да им избира натпреварувачи песни, кога ни самите за себе не можат да го направат тоа како што треба.
– Дали тие имаат хит? Што пеат Емина и Кристина? Дали тие некогаш одржале концерт? – прашува бесниот татко.
Според Џогани, исто така, не е во ред што жирито фаворизира одредени натпреварувачи, како Даниел Кајмакоски, кого неколку пати го прогласија за победник.
– Што мислите, како се чувствуваат другите кандидати кога жирито се однесува така? Тоа психолошко влијание врз останатите – вели Џогани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.