Крвната група во голема мера влијае на начинот како ги доживуваме и искажуваме емоциите, па врз основа на тоа кој тип сте, може да се направи значително реален психолошки профил на личноста. Повеќето луѓе ја користат кога ги одбираат пријателите, партнерите и животните сопатници.
Оваа анализа веќе петнаесетина години е дел од индустриската психологија. Ја користат истражувачите на пазарот за да ги предвидат навиките на купувачите, но и директорите на претпријатијата кога вработуваат нови работници.
За да направат идеална организација на работењето, Јапонците ги користат сознанијата за да ги распределат вработените, на кои места која крвна група е најпродуктивна.
Така, за планирање, контрола и селекција секогаш ќе одберат личност со крвна група Б, организација, заведувањето и спроведувањето на ред ќе и биде доверено на крвната група А, додека за ефикасноста во реализацијата е задолжена 0 крвна група.
КРВНА ГРУПА: 0
Луѓето со крвна група 0 најчесто се многу срдечни, дружењубиви и отворени. Немаат влакна на јазикот, верни се, искрени и лојални.
Бидејќи не преземаат одговорност, жената со крвна група 0 ќе бара група во која ќе се чувствува заштитена и сигурна.
Од друга страна, мажите со нулта крвна група се вистински ловци. Тие имаат неодолива потреба да доминираат, да бидат забележани и затоа одбираат занимање во кое можат да се експонираат и афирмираат, на пример: глума, журналистика, естрада. Тие имаат исклучителна потреба да живеат со личности што се љубопитни, живи и динамични. Монотонијата и животот по одреден шаблон воопшто не им одговара.
За разлика од жените, мажите се позаинтересирани за кариерата и кога е во прашање работата нема да влетаат во некој однос или ситуација додека не видат што ќе добијат од тоа..
Партнерство и семејство: Жените со крвната група 0 од своите мажи очекуваат среќа, задоволство и нежност. Тие чувствуваат интензивна потреба за мажење, која потекнува од потебата да се докажат низ брак и семејство. Како сопруги владеат од заднина и често активно учествуваат во изградбата на кариерата на својот сопруг. Како мајки, кон децата се поставуваат другарски, пријателски, а личните амбиции ги остваруваат преку сопругот и децата.
Мажите со крвна група 0 се многу заинтересирани за жените, активни се во тој поглед и затоа жените бргу ги забележуваат. Незгодна страна на овие мажи е тоа што умеат да бидат крајно недоверливи бидејќи некои работи бргу престануваат да ги интересираат. Во брак се приврзани кон семејството, но тука повторно може до израз да дојде нивната инаетлива природа, која и се спротивставува на монотонијата на животното секојдневие.
КРВНА ГРУПА: А
За личностите што имаат крвна група А може да се рече дека нивниот синоним е – мислам! Оваа крвна група дава интелигентни личности, кои не ретко изгледаат незаинтересирано и студено, но со тоа, всушност, се штитат, бидејќи се многу чувствителни. Најдобро би ги опишал изразот – нежен војник, бидејќи покрај емотивноста ги одликува и дисциплината и самодисциплината.
Секогаш ќе одберат високоорганизирана група, кога работат многу се професионални и посветени на своите животни, професионални или фамилијарни обврски. Погдготвени се да преземат одговорност, да ги разберат другите, но тоа и го очекуваат и од другите.
Тие се многу добри раководители, инсистираат на прецизна организација, педантна работа и воспоставен ред. Многу бараат, но се праведни. Тие не знаат, ниту ги интересира, да доминираат, или да се експонираат. Тоа никако. Кај нив се забележува побавно напредување во криерата бидејќи поради ненаметливоста остануваат незабележани, осамени и на страна.
Партнерство и семејство: Жените и мажите со крвна група А се демократи во врските, го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Меѓутоа, поради емотивната и чувствителна природа, своите чувства ќе ги откријат дури кога ќе бидат сосема сигурни и кога мислат дека нема да бидат изиграни и повредени.
Жената со крвна група А е мајка, која своите деца ги контролира и ги поддржува, но и бара многу од нив.
Мажите со квна група А често на прв поглед не се заинтеесирани за женскиот пол, нивните вредности жените ги откриваат дури ако се во подолга врска со нив. Меѓутоа, нивниот најголем квалитет е тоа што се личности од доверба и целосно му се посветени за семејството. Кога еднаш ќе го засноваат семејството, тоа им е оска на животот. Тие ги поддржуваат и сакаат да ги поддржуваат, да им истакнуваат квалитетите и способностите на своите сопруги.
КРВНА ГРУПА: Б
Психолошки гледано, мажите и жените со крвна група Б се најинтересни. На изглед интровертни, изгледаат воздржано и повлечено, но имаат јасно изграден став за сопствените желби и вредности.
Во професионалниот живот жените со крвна група Б кариерата, генерално, ја градат на основа на докажаните лични квалитети и напори и речиси никогаш не пројавуваат натпреварувачки дух. Функционираат претежно во тесен круг на доверливи пријатели.
Мажите со оваа крвна група имаат еден вид социјална фасада, изгледаат воздржано, повлечено, а за тоа време како шахисти мислат како да стигнат до саканата цел. За да го добијат тоа што го сакаат, подготвени се за отстапки. Тие не избираат професии што би ги експонирале бидејќи тоа не ги привлекува. Тие, главно, ги држат конците во тајност и далеку од очите на тие за кои се заинтересирани.
Партнерство и семејство: Жените со крвна група Б во љубовта очекуваат нежност и задоволства, среќа и верност, како и постојано внимание. Во партнерските односи очекуваат многу, па затоа и тешко се решаваат за брак. Инаку, кога веќе се мажат и стануваат мајки многу се грижат за семејството.
Може да се каже дека мажите со крвна група Б ги почитуваат жените на специфичен начин. На жените што ќе ги одберат им носат сè пред нозе и ги третираат како кралици. Меѓутоа, замаскираната природа на мажите со крвна група Б доаѓа до израз дури во емотивниот однос. Склони се кон безволност и меланхолија кога немаат соодветен партнер, полесно им е да мечтеат отколку да се фатат во костец со сопствената природа.
КРВНА ГРУПА: АБ
Жените со крвна група АБ се исклучителни личности. Чувствителни, на кои цинизмот и иронијата им се непознати. Немаат специфични побарувања, можат да им припаѓаат на која било група, лесно се приспособуваат, не секогаш успеваат да ја задржат својата индивидуалност.
Кога станува збор за мажите, тие како да не успеале како жените да се помират со спротивностите на А и на Б крвната група. Поради таа двострана природа, мажите со крвна група АБ не можат секогаш да се адаптираат. Тие попрво својот идентитет ќе го остваруваат преку проекциони механизми. Ако се во група каде што преовладуваат личности со крвна група А, тие повеќе ќе ги покажуваат карактеристиките на крвната група Б и обратно.
Партнерство и семејство: Жените со крвна група АБ обожуваат мажи со авантуристички дух, но во љубовта уживаат само додека им е дозволено да бидат мистични. Како мајки им се приспособуваат на децата, благи се и не бараат многу. Успешно изнаоѓаат мерка колку можат да бидат другари со децата.
Кога станува збор за мажите, специјалитет на крвната група АБ е додворувањето. Тие се големи заводници, но пријатни, се додворуваат суптилно, низ отвореност. Колку овој маж ќе се помири со дивата страна од својата природа, во многу ќе зависи од партнерот. Да речеме, ако неговата избраничка е со крвна група Б, тој ќе се однесува како типичен припадник на групата А и обратно.
ТРИТЕ НАЈДОБРИ ЉУБОВНИ ДВОЈКИ
Вложување во емотивните и љубовните односи меѓу личностите со различна крвна група со истражување не е статистички докажано. Меѓутоа, врз основа на добиените психолошки профили на крвните групи и нивните носители, се гледа кои споеви даваат хармоничен брак, а меѓу кои крвни групи има најмногу хемија, односно несогласувања.
Жена А + Маж 0: ЕРУПЦИЈА НА СТРАСТ
Најстрасна врска остваруваат жените со крвна група А со мажите со крвна група 0. Ова е и одлична биолошка комбинација, бидејќи од овој брак се раѓаат многу деца. Меѓутоа, жената би требало да размисли за непостојаната природа на својот партнер и да се потруди да му биде постојана инспирација, бидејќи тој чезнее по предизвици.
Жена 0 + Маж АБ: ВЕЧНО ЗАЉУБЕНИ
Браковите помеѓу мажи со крвна група АБ и жени со крвна група 0 се меѓу најубавите бракови што можеле да се видат меѓу испитаниците во истражувањето. Тоа, главно, се романтични бракови, квалитетни врски, со постојана доза на вљубеност.
Жена А + Маж Б: ПОМИРЕНИ СПРОТИВНОСТИ
Вниманието на мажот со крвна група Б прво ќе го привлече жена со крвна група А. Ова, можеби е надобрата комбинација за брак. Нивните различни природи одлично се надополнуват, бидејќи жените со крвна група А секогаш имаат потреба некого да негуваат, а мажите со крвна група Б имаат неодолива потреба да бидат негувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.