| четврток, 6 декември 2018 |

„Оскар“ за порно: Кои се најдобрите порноактери

Синоќа во Лас Вегас на гала-вечерта што се одржа по повод доделувањето на наградите „АВН“, порноактерите добија признание за нивната макотрпна работа во претходната година.

Доделувањето на наградите „АВН“ многумина ги потсети на доделувањето на „Оскар“, со оглед на тоа дека постојат истите категории, како тие за најдобар глумец и глумица, како и за најдобар режисер.

Оваа година наградата за најдобра порноактерка ја доби Реми Лакрокс, додека, пак, за најдобар порноактер беше прогласен Томи Ган.

Водителки на оваа церемонија беа Шанел Престон и Саманта Сеинт, кои работата си ја завршија многу професионално.

– Ова е едно од најсериозните и најгламурозните доделувања на награди во индустријата за возрасни – изјави Шанел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top