| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе има ли евтина струја – пратениците утре на расправа

Ќе има евтина струја или не? Собранието утре ќе расправа за измените на Законот за енергетика предложени од граѓанската иницијатива „Аман“.  Предлогот кој со свои потписи го поддржаа повеќе од 13.000 граѓани е 26. точка од дневниот ред на седницата.

Пред тоа и законодавно-правната комисија на Собранието треба да се произнесе за предлог законот за измени на Законот за енергетика, предложен од граѓаните.

Од одлуката на пленарната седница на Собранието ќе зависи дали граѓаните можат да очекуваат враќање на евтината дневна тарифа на струјата и дали во иднина ќе плаќаат за услуги на енергетските компании од кои се откажале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top