Ванчо Каргов не е повеќе директор на Царинската управа. Тој е назначен за претседател на новоформираниот Инспекциски совет. Каргов самиот поднел докменти на огласот, односно промената на работното место доаѓа по негово барање. Како што јави Алфа, на негово место директор на царина е назначена Наташа Радевска Крстевска, која досега работеше како шеф на второстепената комисија за предмети по жалба на УЈП при Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.