Автомафијата во Бугарија му го украла скапиот автомобил “ауди Кју-5” на македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Тасевски, завчера во раните утрински часови во Софија, објави „Вест“
Сопругата на Дарко Тасевски, кој во моментов игра за Бангкок Глас, забележала дека го нема возилото од улицата пред нејзиниот дом во претстолнината околу 8,15 часот и во девет часот ја повикала полицијата на увид. Инспекторите ги побарале снимките од камерите од соседните улици и чекале на информации од подземниот свет, за да го пронајдат автомобилот.
Бившата Мис на Бугарија, која со Тасевски ја има двегодишната Дарија, е бремена и се очекува да се породи за два месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко
-
Комисијата за македонската историја тајно заседава во Софија
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби