| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на убиени опозициски активисти во Киев (фотогалерија)

Петмина опозициски активисти се убиени, а околу 300 се повредени во денешните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили во Киев. Ова е официјалната бројка од импровизираниот центар за медицинска помош на опозицијата.

– Досега преброивме петмина загинати, а повредени се околу 300 лица, соопшти координаторот на медицинскиот центар Олег Мисиј.

Според сајтот „Украинска правда“, на телата на четворица од загинатите има рани од истрели од огнено оружје.

Фото ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top