| четврток, 6 декември 2018 |

Кулминира состојбата во Украина: Киев гори!

Украинските безбедносни сили утрово ги разбија барикадите кои ги поставија демонстрантите во Киев, по што избија судири, објави „Скај вести“. Лекарите кои им укажуваат прва помош на повредените соопштија дека засега на улиците загинале двајца демонстранти.

Anti government protests in Ukraine.

Киев е завиен во облак од густ чад од запалени гуми кои демонстрантите ги фрлаат на полицијата правејќи огнени барикади. Киевските безбедносни сили побараа дозвола за употреба на водени топови.

Двајца луѓе загинаа од повреди од огнено оружје, наведе координаторот на група лекари кои ги пратат демонстрантите, а мажот за кој се мислеше дека починал по пад од зграда, сепак е жив.

Загинувањето на двајцата демонстранти го потврди и украинското обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top