Летонија денеска ја доби првата премиерка откако пратениците со 64 гласа „за“ и 27 „против“ ја изгласаа Лајдота Страујума на оваа функција. Деветтемина останати пратеници во Парламентот, од вкупно 100, биле воздржани или отсустни.
Шеесет и двегодишната Страујума се смета за компромисна политичка фигура во земјата. Таа долго време била непартиски политичар, а на почетокот на месецов се приклучила на Либерално-конзервативната партија на обединувањето, со што стана нивни официјален кандидат.
Страујума го замени досегашниот премиер Валдис Домбровскис, кој поднесе оставка по уривање на покривот на супермаркет во предградие на Рига во ноември минатата година, при што загинаа 54 лицa.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ред пиво, ред шепотење: Еве како се забавуваше премиерката на Србија со својата девојка!
-
Таа е бремена и е премиерка: Тоа ќе биде прво бебе родено од мајка која е на оваа функција
-
Српската премиерка како млада (фото)
-
Конечно се појави во јавност-ова е мистериозната девојка на српската премиерка Брнабиќ