| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица убиени на протестите во Киев

Три лица се убиени од огнено оружје за време на протестите во Киев, соопшти украинскиот јавен обвинител.

Претходно, медицинската служба на украинското протестно движење во Киев соопшти дека бил убиен еден демонстрант врз кого пукала полицијата од снајперска пушка. Таа служба соопшти дека уште едно лица загинало откако паднал од врвот на влезот на фудбалскиот стадион на Динамо Киев.

Полицијата во утринските часови по локално време почнала да растура барикади и да апси демонстранти поради што избиле нови судири. Демонстрантите фрлале со Молотови коктели врз полицијата, која возвратила со солзавец и со шок-бомби.

Досега се приведени неколку лица, јавуваат локални медиуми.

Во меѓувреме, САД укинаа визи за неколкумина Украинци поврзани со насилството врз демонстрантите во Киев, соопшти американската Амбасада во Украина.

„Како одогвор на акциите врз демонстрантите во ноември и во декември минатата година, американската Амбасада укина визи за неколку Украинци поврзани со насилствата“, се вели во соопштението.

Амбасадата не прецизира за идентитетот на луѓето на кои им се одземени визите за престој во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top