| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник повреден со пиштол во детска игра

Петнаесетгодишно момче е поврдено откако неговиот 12-годишен другар го застрелал со пиштолот на татка си, во гостиварско Горна Бањица.

Според полицијата, 15 годишникот бил ранет во левата потколеница и натколеница и веднаш бил пренесен во гостиварската болница, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил препратен во Скопје.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top