| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски растури и на македонски јазик (видео)

daniel-kajmakoski-ilike-mk

Македонскиот претставник на „Икс фактор“ Даниел Кајмакоски, синоќа имаше уште еден одличен настап кој предизвика воодушевување кај публиката и жири комисијата.

Кајмакоски „конечно“ пееше на македонски јазик, изведувајќи ја песната „Сонце не ме грее“ од Влатко Лозановски.

Неговиот ментор, Жељко Јоксимовиќ уште еднаш се извини за направениот лапсус во претходната емисија на Икс фактор, кога во два наврати најави дека Кајмакоски ја испеа „Чија си“ од Тоше на „матерњи језик“.

Неговата изведба која од синоќа е ставена на Јутјуб за само неколку часа е прегледана повеќе од 15.000 пати. Погледнете зошто:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top