| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката на Роман Абрамович ја згрози јавноста

Руското изадание на онлајн магазинот „Буро 247“ објави контроверзна фотографија во сторија за уредничката на магазинот Гараж, Даша Жукова, која истовремено е и девојка на рускиот олигарх Роман Абрамович. На фотографијата Жукова е снимена како седи на столица која всушност е полугола црномуреста девојка.

Поради бурните реакции, фотографијата беше скратена за да се гледа само Жукова, но не и „столицата“ на која седи, пишува Хафингтон пост, кој ги објави оригиналните фотографии.

 

Големо разочарување и незадоволство изразија и корисниците на социјалните мрежи, а по многуте реакции, на крајот Жукова се извини на јавноста.

devojkata na abramovic

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top