| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи го напушти „Икс-фактор“

Дуото „H2O“ кое го сочинуваа македонскит претставник Филип Јаневски – Фифи и Маринела Џогани, вечерва во третата емисија во живо испаднаа од  балканското музичко шоу „Икс-фактор“.

Заедно со Александра Брковиќ, „H2O“ имаше најмалку гласови на публиката, па после 30 минутното гласање, тие настапија во дуел со по една песна за спас и оставија судиите да одлучат кој заслужува да продолжи понатаму.

Александра ја одбра баладата на Оливер Мандиќ „Одлазим, а волим те“. Нејзиниот настап жирито го оцени како најдобар за неа досега во шоуто, па Кики, Емина и Жељко одлучија да ја задржат во шоуто.

Фифи и Маринела во третата емисија настапија со „Чувам те“ на Александра Радовиќ, додека за спас ја одбраа песната „I follow rivers“ од Лики Ли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top