| четврток, 6 декември 2018 |

Работата ноќе предизвикува хаос во телото на човекот

working-late-

Работата во ноќна смена предизвикува хаос во телото на човекот и може да има долгорочни штетни последици, предупредуваат истражувачите.

Работата навечер е поврзана со зголемен ризик од дијабетес од типот 2, срцев удар или рак. Научниците утврдиле дека пореметувањата кои настануваат во текот на работата во ноќната смена предизвикуваат проблеми на молекуларно ниво.

„Би-Би-Си“ пренесува дека научниците биле изненадени од обемот, брзината и сериозноста на штетата која настанува кога човек навечер е буден.

Телото на човекот има свој природен ритам, односно „природен часовник“ по кој телото треба навечер да спие, а да биде будно преку ден. Ако ова не се случува, тогаш настануваат последици кои доведуваат до пореметување на температурата и лачење на хормоните, што се одразува на физичката способност на телото и функционирање на мозокот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top