| четврток, 6 декември 2018 |

Дру Баримор: не би дозволила ќерка ми да се слика за „Плејбој“

DrewBarrymoreFeb09

Американската актерка Дру Баримор, која е во шестиот месец на бременоста, признава дека мајчинството ја сменило и оти сега поинаку гледа на некои свои минати постапки.

– Драго ми е што имав чувство на слобода, бидејќи сега така не се чувстувам. Ги сакам сите излегувања, забави, несовршености – изјави 38-годишната Баримор, која чека девојче со Вил Копелман. Таа веќе има едно девојче, Олив, која има две години.

– Ако Олив на 18 или 19 години таа посака да позира за „Плејбој“, мислам дека нема да бидам флексибилна и нема да дозволам тоа да го стори. Ќе се обидам да влијаам на неа да не го прави тоа – изјави Баримор, која и самата позираше за „Плејбој“ на 19 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top