
Здружението на приватните лекари во Македонија бара наместо матичен лекар, пациентите да бираат медицинска установа. Тие бараат промена на член 32 од Законот за здравствена заштита и и член 28 од Законот за здравствено осигурување за ред во примарното здравство.
За таа цел тие поднесоа иницијатива до Владата.
Велат дека моменталната состојба со избор на матичен лекар им создава проблеми во функционирањето. Како што стои во нивната иницијатива, најголем проблем со оваа состојба се појавува во установи кои вработуваат втор или трет избран лекар и кога тој си заминува пациентите иако сакат да останат во истата установа не можат да добиваат услуги се додека не направат избор на нов матичен лекар со пополнување на ИЛ образец. Тоа според ЗПЛРМ за пациентите е конфузно и многу од нив не знаат што да прават.
ЗПЛРМ во иницијативата до Владата навеле дека оваа состојба е секојдневна во речиси сите здравствени установи и затоа гледаат потреба од промена на законските решенија.
Оправдувањето за промена на членовите го гледаат во тоа што како купувач на услугите е ФЗОМ а продавач се здравствени установи а не лекари и затоа е логично да дојде до промена на цитираните членови, стои во иницијативата на ЗПЛРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


