| четврток, 6 декември 2018 |

Нов студен бран ги зафати САД

Студен бран, што се движи со голема брзина, од денеска во мраз ќе го „закова“ американскиот среден запад, а на некои делови на источното крајбрежје на САД ќе донесе снежна покривка и до 30 сантиметри.

Федералните владини служби во Вашингтон денеска беа затворени поради студениот бран кој наближува, но во градот сѐ уште нема снег.

Се очекува новиот студен бран да донесе ниска температура на територија сѐ до северна Флорида.

На почетокот на годинава САД беа зафатени од голем студ, пропратен од обилни снежни врнежи, што предизвика проблеми во патниот и во авионскиот сообраќај, а беше регистрирана и рекорно ниска температура. Од студениот бран починаа повеќе од 10 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top