| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ би помогнал во спорот со името, ако тоа биде побарано

Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Белград е подготвен, ако тоа биде побарано, да ѝ помогне на Македонија да се реши проблемот за името.

– Ние сакаме да дојде до прифатливо решение, но и самите имаме доволно свои проблеми. Не би сакале да се мешаме во тоа, но ако нашите пријатели и браќа побараат да се ангажираме, секако дека сме подготвени да ја пружиме нашата добра волја и добри услуги – изјави Дачиќ на прес-конференцијата во Брисел со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос по првата меѓувладина конфренеција Србија – ЕУ, одговорајќи на новинарско прашања како Белград гледа на македонското прашање и евроинтеграцијата на регионот.

Евангелос, пак, како што пренесува Танјуг, изјави дека не се работи за името и билатералните разговори, туку за тоа дека Скопје треба да ги исполни препораките на Европскиот совет и копенхашките критериуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top