| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски и Бесими утре на средба со Филе и со Ховит

Вицепремиeрот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски, утре ќе остварi средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, и со Ричард Ховит.

На средбата во Брисел ќе се разговара за перспективите на евроинтегративниот процес на Република Македонија во 2014 година и за напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од пристапниот дијалог на високо ниво, како и за предлог-резолуцијата за Македонија што денеска доби зелено светло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top