| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на јануарската пролет, викендов нѐ очекува заладување

Иако јануари е при крај, во Македонија се уште нема вистинска зима. Пред два дена, на 19 јануари, во Битола беа измерени неверојатни 18,5 Целзиусови степени. Ова е највисока температура во Битола во јануари во последните 14 години

topla zima

Се чини дека доаѓа крај на јануарската пролет, бидејќи метеоролозите во Македонија за викендов најавуваат намалување на температурите. Според Управата за хидрометоролошки работи (УХМР) веќе од сабота се очекуваат врнежи од дожд и намалување на температурите. Сончевото време со пролетни температури ќе се задржи до четврток, а од петок метеоролозите најауваат облачно време со врнежи од дожд и со умерено до засилен ветер кој ќе дува од југоистичен правец. На повисоките места се очекува и снег.

Иако јануари е при крај, во Македонија се уште нема вистинска зима. Пред два дена, на 19 јануари, во Битола беа измерени неверојатни 18,5 Целзиусови степени. Ова е највисока температура во Битола во јануари во последните 14 години, објави специјализираниот сајт „метеопро“. Битола, традиционално е еден од најстудените градови во Македонија, но оваа зима не е така.

Јануари со пролетни температури владее и на Балакнот.

Високите температури кои достигнуваат и до 19 степени се идеални за развој на вирусите и бактериите кои негативно влијаат како на луѓето, така и на животните и на растенијата.

овошки

Овоштарството е една од гранките која е најмногу погодена со овие климатски промени. Овошките кои во јануари би требало да мируваат, имаат интензивна циркулација на соковите во дрвото. Земјоделците велат дека ваква зима воопшто не очекувале. Проблем е и топлината на земјата која ги развива паразитите кои во друг случај, во „нормален јануари“ би требало да бидат уништени.

Климатските промени не се случуваат првпат, тие се присутни во последните десетина година и тоа секаде во светот.

– Да се надеваме дека февруари ќе биде постуден месец. Важно е луѓето да се едуцираат и да се подготват дека на целата планета ќе има промени – велат експертите.

Слична е ситуацијата и со пчелите. Тие се „будат“, а со тоа го поттикнуваат развојот на болестите и недостатокот на храна. Пчеларите кои адекватно ги зазимиле пчелите и им ибезбедиле доволно храна, нема да имаат проблеми со умирање на пчелите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top