„Веруваме единствено во развој“ е мотото на второто издание на „TRAINING EXPO 2014 – Отворени денови на деловна едукација во Македонија“ во организација на „Triple S Group“, кое ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ на 27 и 28 јануари од 9 до 16 часот. На овој досега единствен настан од ваков вид ќе бидат сублимирани и презентирани видовите обуки по тема, концепт и суштина кои се нудат „по мерка” на македонските компании.
Вториот Training EXPO нуди можни одговори на актуелните прашања: Kако до свежи пари, конкретни стратегии за извоз на конкретни пазари, постигнување подобра продажба, моќта на продажното место, подобро запознавање на психологија на потрошувачите, како да се има попродуктивни вработeни и како да се подобри меѓусебната комуникација.
Предавачите се од: Македонија, Хрватска, Словенија, Кипар и Австралија, а она што е заедничко за сите е тоа што покрај теоретската поткрепа истите располагаат пред сè со практично искуство за областа која што ја покриваат.
Во услови на турбулентни промени глобални и локална, компаниите во земјава, се соочуваат со финансиски проблеми, потреба од оптимизирање на трошоци, намалување на бројот на вработени, кратење на трошоци, потреба од целокупно штедење во работењето, а сепак потребата од компетитивност, иновација и флексибилност е поголема од било кога. Токму затоа Triple S Group преку единствениот настан наречен Training EXPO 2014, нуди охрабрување на менаџерите за инвестирање во човековиот потенцијал, за менување тактики, за промени и за прилагодување, бидејќи како што и Дарвин предвиде опстојуваат оние кои најбрзо ќе се прилагодат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.