Во Бугарија, поради сѐ почестите кражби на шини, ќе бидат усвоени измени во Кривичниот закон кој предвидува казна од две до осум години затвор. Според Министерството за транспорт, лани биле регистрирани околу 740 кражби со материјална штета од околу 900.000 евра.
– Крадците се усовршуваат, па сега прво ги претопуваат шините и навртките, па потоа ги продаваат како старо железо – изјави министерот Папазов.
Заради кражба на шини во близина на Софија, минатата недела излета товарен воз со седум вагони од колосек. Штетата беше 200.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.