Најголемиот блок на сириската опозиција во егзил, Сирискиот национален совет, синоќа објави дека ја напушта Сириската национална коалиција во знак на протест што на мировната конференција Женева-2 ќе се преговара со режимот во Дамаск.
Советот објави дека со учество во преговорите што в среда почнуваат во Швајцарија, би погазил одлука да не влезе во преговори додека претседателот Башар ал Асад не биде сменет од власта.
Длабоко поделената Сириска национална коалиција, која се закануваше со бојкот на преговорите, сепак овие денови со просто мнозинство гласови одлучи да учествува на конференцијата. За таквата одлука претходеа големи притисоци од Западот и арапски држави. Според извештаи на западни медиуми, САД и Велика Британија се заканиле со скратување на помошта за сириската опозиција доколку не учествуваат на конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!