| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарот Серафиновиќ стана татко

Познатиот телевизиски новинар од „Канал 5“, Миомир Серафиновиќ, вчера стана татко. Неговата сопруга Фросина, исто така новинарка, но во „Макфакс“, на свет го донесе нивното прво дете.

– Дојде уште еден Серафиновиќ. Прекрасната мајка Фросина Факова ме направи среќен татко на 3,5 килограми и 50 сантиметри долгото наше синче – вели Миомир.

Миомир и Фросина се венчаа овој октомври, а сите колеги им испратија срдечни честитки за нивната принова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top