Јетмир Адеми возејќи со неговиот автомобил низ Австрија по пат накај Македонија, каде што тргнал за новогодишните празници, во долгиот ред на колите кои чекале близу патарината за да извршат уплата, забележил како на возачот пред него од автомобилот му паѓа паричникот од џеб. Потоа тој продолжил да вози без да забележи дека му го нема паричникот.
Јетмир веднаш го зел паричникот, платил патарина и тргнал по автомобилот. Го ставил во предниот дел од автомобилот, со цел возачот да сфати зошто му свири и му дава знак да застане. Откако се разбрале, Јетмир му го дал паричникот, за што возачот на другиот автомобил му понудил награда за добриот гест. Но, Јетмир не прифатил. Возачот, кој бил Австриец, кажал дека имал 200 евра во паричникот, но и многу битни лични документи. Јетмир Адеми живее 12 години во Швајцарија, менаџира со едно претпријатие за арматури во кое има 10 вработени.
Австриецот го нарекол случајот „Божикно чудо“. Тој испратил писмо до редакцијата на “Thurgauer Zeitung” како благодарност до човекот кој му го вратил паричникот. Јетмир не сакал да се појави во јавност, едноставно рекол дека тоа не го направил ни за популарност ни за пари.
-Просто сакав да го направам тоа што требаше – рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст