Во Културно-информативниот центар во Скопје беше отоврена јубилејната 60. по ред ревијална „Годишна изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На изложбата беа претставени дела на 91 автор од цела Македонија, а на присутните им се обратија претедателот на ДЛУМ, Сергеј Дамовски, и претседателот на Уметнички совет, Данчо Ордев.
Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ги додели следниве признанија од областа на ликовната уметност: „Димитар Кондовски“ – за сликарство отиде во рацете на Емилија Владимир Божиновска, „Јордан Грабул“ за скулптура за Ангел Коруновски и наградата „Никола Иванов Балтон“ за сликарство отиде во рацете на Микица Трујкановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија


