Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, заедно со претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Тихомир Климовски, денеска ќе одржат прес-конференција за започнување на дијалогот за утврдување на динамиката и на стратегиите за усогласување на платите на вработените во МВР со јавната администрација.
Министерот за труд и за социјална политика, Диме Спасов, пак, со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, в.д претседателот на Конфедерација на слободни синдикати, Виолетка Спасевска, исто така, на прес-конференција ќе информираат за зголемувањето на минималната плата.
Премиерот Никола Груевски во вчерашното обраќање пред синдикатите во државата, најави надминување на предизвикот со неусогласеноста на основната плата во Министерството за внатрешни работи со основната плата во државната амдинистрација. За таа цел, посочи дека ќе биде изработена повеќегодишна стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата во јавната администрација.
Во однос на минималната плата, премиерот Груевски информира дека Владата во наредните 10 дена ќе понуди законско решение со кое ќе се зголеми минималната плата во стопанството од сегашните 8.050 денари на 10.080 денар. Зголемувањето треба да се изврши во тригодишна динамика почнувајќи од март 2014 година до март 2016 година, а со тоа се очекува директно да се зголемат примањата на околу 65.000 работници во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
-
Законот за минамална плата не се применува – се жалат работодавачите трпат работниците
-
Со концептот за минимална плата, СДСМ ќе ги залаже граѓаните нанесувајќи им штета
-
Не ви требаат силикони – пет производи кои ќе ви ги зголемат градите!