Песната „Напуштен град“ од Јовица Тасевски-Етернијан беше објавена како песна на денот во американското списание „Вокс поетика“.
Во списанието е објавена и информација дека Етернијан е поет од Република Македонија, автор на шест поетски книги и дека го има добиено меѓународното признание „Восхитувачки поет“ што се доделува за исклучителни достигнувања во поезијата.
Списанието „Вокс поетика“ има лиценца за доставување предлози за престижната награда „Пушкарт“ што се доделува во САД за најдобро објавено поетско и прозно дело во американската периодика, а избраните песни на денот објавени во рубриката „Денешни зборови“ претплатниците на ова списание ги добиваат секојдневно по електронска пошта.
Поезијата на Јовица Тасевски-Етернијан е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во преку дваесет држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.