| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинскиот „волк“ од Волстрит (ФОТО)

Оние кои веќе имале шанса да го погледнат новото маестрално филмско остварување на режисерот Мартин Скросезе, веќе се запознаени со животот на Џордан Белфорд.

Џордан Белфорд, роден во 1962 година, својата професионална кариера ја почнал како брокер на 20-годишна возраст, а во филмот „Волкот од Волстрит“ неговиот лик го игра Леонардо ди Каприо.

Набргу потоа ја основал својата компанија „Стратон Оукмунт“ со неговиот партнер и на 26 години веќе станува мултмилионер.

Неговиот рецепт за лесни пари беше лесен и илегален. Тој купувал евтини акции на ситни компании и ги убедувал инвеститорите да ги купат токму тие документи. Тогаш ја кревал нивната цена и ги продавал со огромен профит, пишува „Мр. Гудлајф“.

Jordan-Belfort-with-second-wife-Nadine-3012444

Џордан Белфорд со втората сопруга Надин

Белфорд поседувал неколку куќи во најубавите градови во САД, возел „ферари“ и бил сопственик на луксузна јахта, која некогаш ѝ припаѓала на модната икона Коко Шанел.

Една година подоцна, тој беше уапсен и осуден на 4 години затвор за неколку измами и перење пари. Поради договор со ФБИ, неговата казна беше намалена на 22 месеци и парична казна од 110 милиони долари.

Што прави Џордан Белфорд денес?

Jordan Belfort

Денес, тој живее во убава куќа на плажа во Менхетен Бич (Калифорнија ) и работи како бизнис консултант и мотивациски говорник за големите корпорации.

По излегувањето од затвор, тој ја напиша својата автобиографија, „Волкот на Волстрит“, која беше издадена во 2007 година. Книгата стана бестселер и се преведе на 18 јазици. Тој направи околу 1.800.000 долари од продажбата на книгата и филмските права, но мора да плати половина од својот приход за своите жртви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top