Судењето на фудбалерите Франк Рибери и Карим Бензема за користење сексуални услуги од малолетна проститутка продолжи вчера во Париз. Француските репрезентативци се соочуваат со затворска казна до три години ако бидат прогласени за виновни.
Рочиштето што се одржа вчера беше закажано за јуни лани, но беше одложено од процедурални причини. На вчерашното судење не се појавија фудбалерите, туку само нивните адвокати.
Захија Дехар, која себеси се опишува како девојка за придружба, денес има 21 година. Таа во своето сведочење наведува дека Рибери во 2009 година (кога таа имала 17 години) ѝ платил авион да дојде до Минхен за да биде негов роденденски подарок. Таа, исто така, признала дека ги лажела играчите за нејзините години и им кажала дека е полнолетна.
Рибери се бранел дека не знаел дека девојката е проститутка и дека е малолетна, а Бензема ги негирал сите обвинувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст