Руските безбедносни служби стравуваат дека една „црна вдовица“ ги минала строгите мерки за обезбедување и успеала да влезе во Сочи.
Сомневањата се дека Рузана Ибрагимова пред десетина дена успеала да влезе во олимпискиот град. Таа се смета како една од неколкуте „црни вдовици“ кои би можеле да бидат искористени за евентуални терористички напади за време на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат од 7 до 23 февруари.
22-годишната Ибрагимова е вдовица на милитант убиен во судир со полицијата минатата година. Таа е осомничена затоа што минатиот месец го напуштила домот во Дагестан и оттогаш не се вратила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.