| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието jа заврши расправата за повеќе закони

Собранието на Република Македонија вечерва во рамките на продолжението на 82. седница разгледа повеќе предлог-закони. Пораде немање кворум, гласањето е одложено за утре на пладне кога треба да се продолжи со работа по оваа седница.

Расправата заврши за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за експропријација, за Законот за вршење сметководствени работи, за Законот за игрите на среќа и за забавните игри, за Законот за јавните набавки, како и за дополнувањата на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, сите во прво читање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top