| четврток, 6 декември 2018 |

Евровизиската ѕвезда Лорен е првиот странски гостин во „Икс-фактор“

Евровизиската победничка од Шведска, Лорен, е првата странска гостинка во балканското музичко шоу „Икс-фактор“, пишуваат српските медиуми.

Таа победи на Евровизијата што се одржа во Азербејџан пред две години со песната „Еуфорија“.

Според српски „Блиц“, оваа информација ја потврдил и директорот на „Пинк“, Дарко Поповиќ, на својот профил на „Твитер“.

– Првата странска ѕвезда која ќе се појави во „Икс-фактор“ е Швеѓанката Лорен, победничката на „Евровизија“ во 2012 година – напишал Поповиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top